Бугарскиот парламент го преименува 24 Мај.Со измените на Законот за работни односи, во текот на вчерашниот ден, кои добија поддршка од ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, како и од „Обединети патриоти“, празникот од Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо се преименува во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, за бугарската азбука, образование и култура и за словенската литература.

Георги Гоков од БСП се спротивстави на тоа. Кодексот на трудот не е место за решавање на историски спорови – убеден е тој. Според него, овој потег нема за цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми.