Во 21 регион на Европската унија најмалку 100 од милион жители загинале во текот на 2016 година во сообраќајни несреќи, покажуваат податоците на Евростат.
Најмногу сообраќајни несреќи се забележани во северозападниот дел на Бугарија, каде во текот на 2016 година на еден милион жители се случиле 153 сообраќајни нереќи.
Португалскиот регион Алентехо е втор во Европа според број на несреќи (142 на милион жители), а потоа и Луксембург со 138, грчката област Јужен Егеј (134) и североцентрална Бугарија (132) и тоа се единствените региони кои за време на 2016 година забележале повеќе од 125 несреќи на милион жители.
Најмалку вакви случаи се регистрирани во регионот на Виена (10 несреќи на милион жители).
Comments are closed for this post.