Пратеничкиот состав на 49-тото Народно собрание на Република Бугарија денеска, на вонредна седница, го избра Николај Денков за премиер на новата политичка влада. „За“ гласаа 132 пратеника, а 69 беа „против“, воздржани немаше.

Веднаш потоа пратениците го изгласаа и составот на 102-та Влада или како што ја нарекуваат, „кабинетот Денков-Габриел“ на ПП-ДБ и ГЕРБ. „За“ поддршка на составот на Владата гласаа 131 пратеник, а 69 рекоа „не“.

Пратениците ја раззрешија службената влада на претседателот Румен Радев.