На 27 ноември се одбележува Денот на националното сеќавање, пишува софиски Факти. Датумот е вклучен во календарот на значајни настани во 1996 година на предлог на националното здружение „Мајка Бугарија“. На овој ден во 1919 година Бугарија го потпиша Нејскиот мировен договор со кој изгуби околу 10% од својата територија и и беа наложени ограничувања и репарации.
Од бугарска страна потпис на Договорот стави тогашниот премиер Александар Стаболиски и тој станува симбол на една од националните катастрофи на Бугарија. Тој и наметнат на Бугарија по поразот во Првата светска војна.
Со Нејскиот договор, Бугарија е обременета со репарации во висина од 2.250.000 златни франци, што требало да бидат исплатени во период од 37 години. Освен тоа, таа била задолжена на своите соседи (Кралството СХС, Романија и Грција) одредено количество добиток и 250.000 тони јаглен.
Покрај тоа, Бугарија ја губи Западна Тракија, која од 1920 година и припаѓа на Грција, Јужна Добруџа, која повторно и се враќа на Романија, а Струмица и нејзината околина, заедно со т.н. западни покраини (Димитровград, Босилеград) и се отстапуваат на Кралството СХС.
Comments are closed for this post.