Брнабиќ сурово реална: Македонија не може да почне со вакцинација, не ја регистрирале вакцината и нема план за вакцинација

21.01.2021 / 12:24


Вакцинацијата не е само дојди и купи ги вакцините и толку, туку потребен е план и регистрација, рече српската премиерка Ана Брнабиќ во нејзиното гостување за ТВ Хепи утрово во однос на вакцините кои Македонија треба да ги набави од Србија.

– Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесата. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија до утрово имала вакцинирано 50 000 лица.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Регион

Што и пречи на Бугарија во Акцискиот план за малцинства, македонскиот јазик или тоа што ги нема Бугарите?

пред 4 дена
Регион

За Бугарија македонскиот јазик е „достапен јазик“ за граѓаните на Македонија

пред 5 дена
Регион

Се раскопува Бондстил, што има долу?

пред 1 нед.
Регион

Maрта Кос: Украина е приоритет за ЕУ, не Западниот Балкан

пред 2 недели
Регион

Aко ЕУ го прими целиот Западен Балкан однеднаш европските граѓани ќе ги чини колку едно кафе

пред 2 недели
Регион

Вучиќ: Ја победив Шарената револуција

пред 2 недели
Регион

Градоначалникот на Лерин забранил македонска песна на Коледе (ВИДЕО)

пред 3 недели
Регион

Грчката национална телевизија направи репортажа за Македонците во Кожани (ВИДЕО)

пред 3 недели
Регион

Туѓман бил восхитен од Тито, еве зошто

пред 3 недели
Регион

Албанецот запал на воланот кај Ниш, загинаа заедно со сопругата

пред 3 недели