Вкупно 103 пакувања што содржат повеќе од еден и пол тон канабис беа пронајдени од страна на грчката крајбрежна стража, трагачи кучиња и нуркачи во пештерата на островот Пипери крај брегот на централниот егејски остров Алонисис, соопштија грчките власти.

Акцијата на пронаоѓање траела седум дена и на море и на копно, откако во неделата еден албански државјанин со глисер бил запрен покрај островот Ангистри, во близина на Атина, под обвинение за пренесување дрога од Албанија во Турција.

Во акцијата уапсени се уште тројца Албанци и еден Италијанец кои со глисер се обиделе да бегаат, а запленета дрога била со тежина од 1700 килограми.

Според грчките медиуми, ова е најголемата количина досега фатена во една операција за трговија со дрога.