Демократскиот сојуз на Косово, кој го предводи поранешниот косовски премиер Иса Мустафа, е фаворит за победа на парламентарните избори на 6 октомври, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Косово, кое го објави најголемата новинска агенција во Албанија – Сири.нет.

Според податоците од 26 септември, вториот ден од предизборната кампања ДСК го поддржуваат 29% од избирачите споредено со 26% на изборите одржани во 2017 година.

Анкетите покажуваат дека на второ место е Движењето за Самоопределување на Албин Кутри со поддршка од 24% наспроти 27% на изборите пред две години, а на трето место е Демократскатапартија на Косово на Кадри Весели со 21% поддршка, што е значително понизок рејтинг во однос на претходниот изборен циклус, кога за оваа партија гласаа 34% од избирачите.

Четвртата позиција со рејтинг од 13%, го зазема коалицијата Алијанса за иднината на Косово и Социјалдемократскта партија на Косово, која ја предводи поранешниот премиер Рамуш Харадинај и актуелен градоначалник на Приштина, Шпенд Ахмети.

Познавачите на состојбите во Косово, порталот пренесува дека би можело да се случи по изборите силите да ги здружат ДСК и Самоопределување при што во таков случај, премиерка би можела да стане Вјоса Османи од Демократскиот сојуз на Косово.

Местото на претседател на привремените приштински институции, кој се бира во парламентот, на не на изборите, по ова сценарио би припаднало на Албин Куртиј што значи дека актуелниот претседател Хашим Тачи „би испаднал од игра“.