„Тешко болни и длабоко вознемирени луѓе кои го прават ова и мислат дека тоа е политика, ќе го добијат одговорот на народот на изборите во Белград на 2 јуни, реагираше претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ откако, според неа, опозицијата испечати некролог за претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Надлежните органи да си ја вршат работата согласно законот, бидејќи ова не е ниту шега, ниту забава, туку за секој нормален човек е длабоко вознемирувачки и претставува јасна и недвосмислена закана за животот на претседателот на Србија„, Александар Вучиќ.

Ова, и ништо друго, е резултат на политиката на Ѓилас „Србија против насилство“ и против тоа ќе се бориме секоја минута, секој час, секој ден, засекогаш.

Секогаш со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговото семејство“, напиша Брнабиќ на мрежата Икс.