По вратените пратенички мандати алабанската опизиција ја објави новата стртаегија – ќе има ескалација на протестите во кои ќе биде опфатена целата земја, а не само Тирана.

Раководството на Демократската партија одлучи доцна синоќа да ги засили протестите низ целата земја се додека премиерот Еди Рама не се согласи на предремени избори и формирање техничка влада.

Одлучивме да ги продолжиме протестите низ целата земја. Ќе соработуваме со другите политички партии од опозицијата и ќе ја спретставиме нашата полтичка стратегија“, рече лидерот на ДП, Љуљзим Баша.

На состанокот била донесена одлука да се разреши од сите функции пратеникот Мислим Муризи кој одбил да го врати пратеничкиот мандат.