Негативен тест на коронавирус не постар од три дена е непоходен документ за влез во Србија, објавуваат медиумите на таа земја. Според здравствените препораки на Србија, оние патници кои немаат таков документ ќе мора да одат во изолација 14 дена, потврди д-р Бранимир Несторовиќ.
Во Србија авиосообраќајот почнува да функционира на 18 мај, а „Ер Србија“ воведува четири лета за Цирих, Виена, Франкфурт и Лондон.
Ана Брнабиќ, премиерката на Србија изјави дека отворањето на границаата ќе биде една од последните мерки кои ќе бидат укинати.
Уште се чека какви решенија ќе усвојат другите земји за влез на странците, а Грција најави дека ќе ги отвори границите за туристи на први јули.
Comments are closed for this post.