Косовскиот претседател, Хашим Тачи реагира по информациите дека неговиот брат Гани Тачи се степал со две лица во Косовското биро за осигурување, порачувајќи дека фактот што некој е во роднински врски со него, не му дава за право да го крши законот.

Запознаен сум со вмешаноста на мојот брат во една физичка пресметка. Никогаш нема да оправдам ниту едно против законска постапка од кого и да е. Да се биде член на семејството на висок државен службеник не подразбира имунитет ниту амнестија за кого било. Напротив, одговорноста е индивидуална – напиша косовскиот претседател на Фејсбук.

Jam njoftuar për përfshirjen e vëllait tim në një përleshje sporadike fizike. Asnjëherë nuk do ta arsyetoj asnjë veprim…

Posted by Hashim Thaçi on Wednesday, October 24, 2018

Тачи ги повика органите на редот „случајот да го третираат согласно законот“.

Само така ќе градиме правна држава, во која сите ќе бидеме еднакви пред законот и правдата – порача Тачи.

Инцидентот со братот на косовскиот претседател се случил кога тој физички нападнал две лица, за време на работен состанок во просториите на Бирото и тоа директорот, Блерим Пушколи и директорот на косовското претставништво на словенечката осигурителна компанија „Илириа“, Ѓани Соколич.

По преземените оперативни активности, надлежното обивнителство во Приштина соопшти дека осмоничени за предизвикувањето на иницидентот се Гани Тачи и неговиот возач.