Претставници на српските партии кои освоија места во Парламентот на Босна и Херцеговина почнаа преговори за формирање голема српска коалиција, пишува српскиот весник „Новости”.

Како што наведува весникот, коалицијата се формира за да добие можност да ги блокира сите лоши одлуки за Република Српска.

Уставот на Босна и Херцеговина овозможува пратеници од Република Српска да можат да блокираат одредени одлуки на Парламентот на БиХ поради заштита на ентитетски интереси. За таквата мерка потребна е поддршка на две третини пратеници од српскиот ентитет.

За да се оствари идејата за „патриотски блок“ во Сараево, потребно е на владејачката коалиција од Република Српска, на чие чело е новоизбраниот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, а која ја сочинуваат СДСН, ДНС и СП и заедно имаат осум пратеника, да им се приклучат уште двајца пратеници.

СДС има тројца пратеници во државниот Парламент, а ПДП двајца.

Засега Обрен Петровиќ, градоначалник на Добој и член на СДС, порача дека е подготвен на соработка во Собранието на БиХ во корист на Република Српска. Другите двајца пратеници на СДС се уште не се изјасниле за таа идеја.