Најмалку 29 лица се повредени во пожар што утринава избувна во привремениот прифатен центар за неколку стотици мигранти во Велика Кладуша, северозападна Босна и Херцеговина. Пожарот се случил во фабриката „Мирал“, каде што биле сместени мигрантите.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на местото има голем број пожарникари, а некои од повредените се пренесени во болницата во Велика Кладуша, додека некои се упатени во Кантоналната болница во Бихаќ.

Според првичните информации, причината за пожарот, кој се локализира, е човечка невнимателност.