Звездан Јовановиќ и Милорад Улемек Легија, кои се осудени за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ бараат судскиот процес да се повтори.

Тие преку нивните адвокати порачуваат дека имаат нови докази кои ќе потврдат дека не се извршители и непоредни сторители и дека тоа им го наместила тогашната српска власт.

Тие се во затвор во „Забела“ но сакаат нов процес за да покажат дека атентатот бил испланиран одамна и дека требало само да се најдат виновници. Најдобро било вината да се турне кон тогашниот Земунски клан, иако тој немал никаков интерес да го убие премиерот на Србија.