Медиумите во Австрија навистина имаат смисла за хумор. Еден дневен весник за своите читатели организира наградна игра во која им нуди летување на Ибица за двајца во вилата која е најзаслужна за падот на владата на Австтрија.

Токму во таа вила, беше насамарен вицеканцеларот Штрахе кој беше снимен од лажна Русинка која му нудеше пари за сомнителни бизниси во Русија. Штрахе беше принуден да си поднесе оставка, а подоцна тоа го стори и канцеларот Курц по што ќе следуваат избори наесен.