Поранешните вработени во „Еурокомпозит“ кои заминаа како технолошки вишок
денеска на протести пред Влада. Велат дека две години биле манипулирани и лажени од страна на власта.
Добиле само по само 30.000 денари отпремнина од вкупната сума од 90.000 денари. Бараат исплата на заостанатите 18 плати и придонесите кои не им се платени од 2013 година.
Протестите пред Владата ги најавиле од вчера. Велат дека денеска се дојдени да постават шатори, но биле спречени од полицијата под изговор дека за такво нешто не биле известени.
Жарко Талески од иницијативниот одбор на Еурокомпозит вели дека не отстапуваат од нивните намери, остануваат пред владата да кампуваат се дури не се реши нивната состојбата.
Талески рече дека со ваквата состојба засегнати се 152 лица кои се прогласени за технолошки вишок, но бидејќи има луѓе кои веќе се замнинати во пензија со неисплатени плати и придонеси бројката е 350-360 луѓе.
Проблемите во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“, траат повеќе од две децении. Од доаѓањето на оваа Влада, во два наврата дел вработени се прогласени за технолошки вишок, а новото раководство вложува напори да отвори нови пазари и сукцесивно да ги исплати побарувањата на вработените.
Comments are closed for this post.