Македонија е на исто ниво со Бугарија и Романија кога тие ги почнуваа преговорите со Европската унија, нагласува професорката Билјана Чавковска.
Таа во интервју за „Pressing TV“ објасува дека преговорите се еден долг процес и треба да се работи на оние реформи кои Европската унија ги посочува во извештаите.
-Ако ја земеме пример Хрватска која започна преговори во 2005 година, а процесот го заврши во 2011, што значи преговараше добри шест години.Нејзиното членство се случи две години подоцна. Во најидеално решение и нас ќе ни требаат седум-осум години-прогнозира професорката.
Comments are closed for this post.