Актуелната градоначалничка Наташа Петровска ветуваше дека ќе ја направи Битола метропола но остана запаметена по шаховската табла која ја снема со првиот ветер и дожд, коментира поранешниот пратеник Спиро Мавровски.
Тој во интервју за „Република вели дека такви импровизации во градот има многу.
Петровска покажа зачудувачка немоќ. Како пример ќе наведам една направена денес се отвора, паѓа , нема асфалт. Цел град во моментов е ископан. Само што ја затвориле улицата заборавиле да стават кабли, па ги ставија кабли ги бетонираа дрвата. Од сите ветувања реализира само едно, а тоа е зелен паркинг-сите возила се паркираат во паркот. Ни поздемени, ни надземни паркинзи-ја опишува Мавровски состојбата во Битола.
Тој вели дека доколку би бил градоначалник на Битола многу работи би променил во градот.
Покрај автопатите кон Прилеп и Ресен и железничкото поврзување кон Грција.Во моментов има пруга нема воз. Странецот кога доаѓа прво прашува дали има пат, вода и струја пред да почне било што да работи.
Со Мавровски начнавме и спортски теми, за ракометот и фудбалот. Нему му е жал што се уште не доправен стадионот „Под Тумбе Кафе“ за кој за една трибина градоначалничката потрошила пет милиони евра за потоа градежните работи да застанат.
Comments are closed for this post.