Видовте како СДСМ го извадија Стево Пендаровски од пензија, т.е од нафталин. Се сеќавате кој беше тој? Сигурно ви текнува на неговата славна изјава за францускиот предлог, коментира авторот на ТВ Колумната „ 5 минути со Чавез“.

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција. Се сеќавате на ова? Не беше толку одамна, пред 7-8 години. Повторувам дали сте за членство во ЕУ. Во таа 2018 година македонските граѓани со пропаднатиот референдум покажаа што мислат за политиката на тогашната власт, со сменето име да влеземе во ЕУ и НАТО. Ајде во НАТО некако не протуркаа, ама во ЕУ не се мрднавме од место. Дури стоиме и полошо. А нели почнавме преговори.

И сега Венко Филипче од нигде никаде пак бара референдум за ЕУ. Демек првиот пат ја почитуваа волјата на граѓаните па сега ајде уште еднаш. Добро бе кој им ги смислува овие работи. Кога ќе помислам дека веќе не може да направат некоја глупост, секогаш ме демантираат.

Треба да си навистина полтички незрел или да си го имаш дадено задникот под кирија во Софија или во Петрич за пак да бараш референдум за ЕУ. Да, Македонците сакаат во ЕУ, но под бугарски, или како што претходно беше под грчки диктат.

Да, нов референдум ќе има мало сутра што би рекол славниот нобеловец.

Еве еден предлог до Филипче. За најкасно две години ќе има референдум во вид на избори. Има ли поголем референдум од избори.Нека вети Венко дека кога ќе дојде на власт….некогаш ќе направи референдум за ЕУ и оти прва работа ќе биде уставни измени и ставање на Бугарите. Ако граѓаните го поддржат тогаш е во ред. А не со вакви шибицарски финти власта да распишела референдум.Па власта не го бара. Што не иницира Венко, еве може со 20 пратеници или 150.000 потписи. Туку нема побрзаат, на следните избори ќе немаат ни 20 пратеници ни 150.000 гласови.

Венко упорно ја турка приказната дека не преговараме со Бугарија туку со ЕУ. МОЛАМ. Неговите браќа од исток на ова би рекле ТП АМА УПОРИТ.. Дека блокадата доаѓа и од Бугарија и од ЕУ сликовите објсани бугарскиот премиер Радев кој беше на гости кај Макрон. Отккако претходно Макрон му ували 3Д Радари на Радев, бугарскиот премиер изјави дека му требало една година да ги убеди европските партнери зошто е важно внесувањето на Бугарите во Устав а оти Макрон имал најголемо разбирање. На таа пара што и ја даде на Франција за оружје како ќе нема разбирање Не за џабе Бугарите имаат една изрека-

Тоа што не може да се купи со пари, може сос многу пари.

Албанските опозициски политичари се растрчаа по Косово и Албанија да молат да ги донесат на власт. Тие без власт не знаат што да прават, само кога не се на власт правата на Албанците се загрозени.

Ви се враќаат филмовите од 2017 година и Тиранската платформа. Тогаш истата екипа на Божик пред Рама ги кажа условите под кои албанските партии ќе влезат во владата на Заев. Ова е истата екипа. Од Тиранската платформа остана неисполнето уште промена на знамето и на химната. За секоја роба има купци. Венко и Радев со душа ја чекаат понудата.