Грчкиот тренер Василис Спанулис е нов тренер на екипата од Солун Арис. 43-годишниот тренер потпиша договор со клубот на три години.

Како што пренесуваат грчките медиуми тој за една година ќе заработува 1,2 милиони евра.

Спанулис тековната сезона го предводеше евролигашот Монако, кој во текот на сезоната се соочуваше со многу финансиски проблеми. Како тренер во Грција ја предводеше екипата на Перистери.

Арис сезонава го заврши настапот во првенството на Грција откако загуби во четвртфиналето од АЕК.

Спанулис е и актуелен селектор на репрезентацијата на Грција.