Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска е во Скопје на средби со државниот врв.Главна тема ќе биде спорот со Бугарија како и реформската агенда.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера изјави дека на маса се повеќе идеи за надминување на спорот со Бугарија, а кои би вклучувале јасни гаранции во форма на заклучоци на Европскиот совет дека нема да им нови билатерални барања за земјава поврзани со историјата, јазикот, идентитетот и македонската култура, како и имплементација од страна на Бугарија на пресудите од Судот за човекови права.
За овие идеите веќе се разговарало со европските пратеници, а како што најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, надминувањето на спорот со Бугарија ќе биде тема на разговор и за време на утрешната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Македонија. Муцунски изјави дека тој лично ја информирал новата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова, за тие идеи.







Comments are closed for this post.