Лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ ги оценува како лажни обвинувањата што против него и неговиот брат ги искажа Бојан Јовановски – Боки 13, кој денеска беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Тврди дека Јовановски лаже бидејќи тој ги одбил сите негови барања да му помогне во судскиот процес.

-Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како Рекет и се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес – наведува Заев.