Воислав Будисавјевиќ, човекот кој е уапсен заедно со актерката Силвија Стојановска има богато досие од нелегални активности. Негов главен „бизнис“ бил трговијата со дрога од јужноафричките земји.

Досега две жени паднаа како негови соучеснички. Едната пред десетина години беше Персида Момировска, односно Мадам Пепи. Таа покрај брендираната гардероба, украдена најчесто од Германија и Италија во својот стан продавала и кокаин кој од Перу и го набавувал од Перу.

Откако Пепи била уапсена, Будисавјевиќ успева да побегне во Србија.Нашата полиција тогаш потоа распиша меѓународна потерница по Будисављевиќ.

Но во Македонија беше донесен во 2014 година од Белгија за издржување на затворска казна од три и пол години. Случајот за кој бил осуден скопјанецот бил од 2009 година кога во Скопје извршил фалсификување на бугарска патна испрва и возачка дозвола, на тој начин што вметнал сопствена фотографија, со цел фалсификуваните документи да ги користи како оригинални.

Но, на оваа пресуда му бил додаден и случајот со трговија на кокаин во кој првоосомничена беше Момировска. Будисављевиќ бил уапсен од белгиската полиција на 11 септември, 2013 година, за извршени кривични дела на територијата на Белгија.