Полициски екипи, по претходна пријава од граѓани, синоќа ивршиле контрола во спортска обложувалница што се наоѓала на улица „113“ во Тетово.

При претресот, полицијата утврдила дека обложувалницата работела без потребните документи. Во акцијата, од одговорниот на објектот, Ф.Љ. со потврда се одземени осум телевизори, четири компјутери, три монитори, два печатачи, еден читач, еден кено-апарат, три покер апарати, еден принтер, парични средства и тикети за игри на среќа.

Како што информираат од полицијата, по целосното расчистување на случајот, против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок.