По директна наредба на Зоран Заев, а во координација на голем број провладини медиуми се извртува вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Александар Николоски за  Фактор магазин, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се вади половина реченица без да се каже што било прашањето, кој е контекстот како и без да се пренесе целосно одговорот. Тоа е позната методата која се вика спин.ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека подобар договор беше можен да не го потпишеа уценетите Заев и Димитров најлошиот возможен договор!

Во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ се додава дека подобар договор се уште е можен доколку Заев утре ја запре процедурата во Собрание и даде оставка.

Нова Влада на ВМРО ДПМНЕ посветено и чесно може да направи подобар договор.  Но доколку тоа Заев не го направи одговорноста е кај него и Димитров за овој договор и истата ќе ја носат со себе целиот живот. Ниту една пропаганда, ниту еден спин, нема да им помогне да го избришат предавството.

Од опозициската партија велат дека овој спин е свесно направен со цел да се сокрие содржината на уставните амандмани кои денеска се објавија,  а со кои како што наведуваат за жал целосно се обесчестува Македонија.

Ние пред референдумот баравме да се објави содржината. Сега гледаме зашто Заев и Димитров не ја објави. Предавството кое го направија ќе им стои и тежи цел живот, се дадава во реакцијата.