По предлог на Јавен бвинител, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка, синоќа во македонскиот бисер Охрид се запленети неколку луксузни возила и бродови, односно глисери, пишува порталот Скопје1.
Според извори на порталот од МВР, возилата се сместени во кругот на „Касарната“ во Охрид.
Запленетите возила ќе останат таму се до завршување на истрагата во која што се опфатени.
МИА објави дека според информации од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запаленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, односно како што веќе беше објавено Зоран Милевски-Кичеец.
Comments are closed for this post.