Заменик министерот за здравство Илир Хасани преку Фејсбук предупреди дека болниците, но и кафулињата се преполни и дека тоа може скапо да не чини.

-И додека болниците се преполни со пациенти поради компликации од ковид19, па речиси и во приватните болници тешко се наоѓа слободен болнички кревет, сепак забавата не застанува во кафулињата и во кафеаните. Ова невнимание скапо ќе не чини. Внимание, внимание, внимание додека не е многу доцна, напиша Хасани.