По барање на Собранието, Владата на својата денешна седница треба да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, по итна постапка.  Министрите ќе  одлучуваат и за информацијата со правилник за инструментот за поддршка-кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, со предлог-одлука, соопшти владината прес-служба.

На редовната 120. владина седница ќе биде разгледана информацијата за одржување на првата седница на македонско-бугарската меѓувладина комисија за економска соработка по Договорот за економска соработка меѓу владините на Македонија и на Бугарија.

Министрите ќе одлучуваат и по информацијата со Предлог – решение за формирање комисија за спроведување постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за формирање современа модерна организација – платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Република Македонија (HEMS) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (SAR).

На предлог на канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија-Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, министрите денеска ќе ја разгледаат информацијата со акциски план за имплементација на мерките од Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, за 2019-та година.