Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи има спротивен став од премиерот и министерката за правда дека сите препораки од Венецијанската комисија околу законот за јазици ќе бидат имплементирани.

Законот за јазици нема да се чепка, какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската комисија, рече Османи во гостување на ТВ Алфа.

Тој остави можност да има измени, но „само со консензус“.