Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе в понеделник пред Собранието на РМ ќе го поднесе законот за амнестија на сите лица вклучени во случувањата од 27 април минатата година, соопшти портпаролот Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Мислам дека веќе во понеделник ќе го имаат медиумите тој закон, што е составен од страна, нормално, на врвни правници, кои што учествуваа во градењето и правењето на тој закон за амнестија за лицата од 27-ми април, рече тој.
Во однос на уставните измени, Арсовски истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска, во текот на денот, ќе има координација со партиското раководство за усогласување на стратегијата за делување во наредниот период. Веднаш штом се усогласи таа стратегија, штом се договори, ќе биде презентирана во медиумите.
Comments are closed for this post.