Не можеме да поддржиме договор што отстапува македонски јазик и македонска националност, вели лидерот на грчката опозиција Мицотакис. Претседателот на Неа Демократија уште еднаш повтори дека неговата партија нема да го поддржи договорот од Преспа. Ова како што јавува МИА, Мицотакис го изјавил во Солун каде присуствувал на свеченостите по повод годишнината од ослободувањето на градот.

Секако од овде, од нашата Македонија, имаме и еден долг повеќе да се посетиме на славните страници од нашата историја. Бидејќи почнува реализацијата на настани што се на товар на националните интереси, повторно да потсетиме дека ние како Нова демократија нема да поддржиме никаков договор што отстапува македонски јазик и македонска националност на нашите соседи, рекол тој.