Бугарската историска комисија, по секоја средба со скопската, да го објавува не било каде, туку во „Службен весник“ протоколот со заклучоците од последната средба. Ова во текст насловен како „Татковината пред се“, објавен во софиски „Труд“, го предлага проф.д-р Трендафил Митев, заменик-претседател на Македонскиот научен институт од Софија.

Митев ова го образложува со фактот дека комисиите се официјално ополномоштени органи од страна на државните власти.

И што е најважно-ќе остане сериозна документирана трага за тоа што се прифаќа, отфрла или одложува, зашто со тек на време дури и прифатеното може да се негира од некого, вели тој.

Митев е незадоволен од досегашните активности на мешовитата бугарско-македонска комисија за историските прашања и за учебниците и изнесува уште три други предлози. Како второ, тој предлага членовите на бугарската комисија да воспостави практика, по завршувањето на секоја средба со македонската, да одржува разговори и со бугарската јавност.

Натаму, како трето, ако по година-две стане јасно дека скопската комисија го одолжува преговарчкиот процес, тоа за бугарската комисија не може да значи друго освен дека праксата ја докажала неможноста по овој пат да се изјасни објективната вистина за историското минато. Овој факт, според Митев, ќе докаже дека договорот од 2 август 2017 година во сегашна форма нема ефекти, па бугарската комисија ќе располага со сите основи да предложи бесполезните средби да престанат.

Тогаш бугарската влада ќе има право да реагира на два начина-или да се изготви нов договор, што ќе го замени сегашниот, или да подготви анекс кон текстот од 2 август 2017 година. Но, во новиот документ да ги напишат трите неспорни вистини поврзани со бугарското потекло на словенското население во Македонија, нагласува Митев.

Овие три вистини, пак, Митев ги има изнесено во разговорите со претставници на бугарското Министерство за надворешни работи уште пред потпишувањето на договорот за добрососедство. Тие се сведуваат на следното:

1.Словенското население во Вардарска Македонија е со бугарско потекло

2.До крјот на Втората светска војна тоа го говори западниот дијалект на бугарскиот јазик

3.Затоа народите во сега постоечките две соседни словенски држави до средината на 20 век имаат заедничка историја. А, како сега се чувствуваат активните генерации кај нашиот сосед, кои се родени по средината на 20 век, тоа си е нивна лична работа. На живи луѓе никој не може ништо да им направи. Меѓутоа, вистината во историјата може и треба да се почитува!

И конечно, како четврти предлог, Митев вели дека кога Парламентот на Македонија ќе го ратификува тој нов документ, како што се случи и со првиот, дури тогаш да се воспостават преговорите на научните комисии за да се изјаснат како да изгледаат учебниците,а бугарската влада да ја потврди поддршката за НАТО и ЕУ.

Ако тоа не се направи, а Македонија влезе во НАТО и ЕУ со сегашното размислување на нејзината политичка и научна елита, за идните поколенија на Бугарија претстојат нови искушенија. Потешки од оние што ги наследивме во втората половина на 40-тите години на 20 век. А, нашата генерација ќе биде осудена заради пасивност, така како што народот ги осуди оние кои во текот на 1947 година му ги подарија на Скопје коските на Гоце Делчев и целото духовно богатство на МНИ, за да се зцврстат основите на неомакедонизмот, вели Митев.