Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на Самитот Македонија2026 ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите.

– Апсолутно круцијално за лидерите е да ја разберат важноста на тоа да работат заедно со други лидери, истакна Хил кој рече дека би било најдобро доколку балканските земји дојдат во позиција во Европската унија да работат заедно.

Според него, потребна е поголема соработка меѓу земјите и лидерите во регионот.

-Европа го сака Балканот, но не ги сака проблемите на Балканот, рече Хил посочувајќи дека атрактивен предлог е заедно да работат Албанци, Срби, Македонци… и дека тоа би било голем пазар. Смета дека доколку балканските земји соработуваат ќе имаат многу поголем напредок.