Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева  денеска  доаѓа во еднодневна посета на Струмица, соопшти бугарското МНР.

Захариева заедно со заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ќе присуствуваат на фестивалот „One Love Tour“. На настанот што е поддржан од УНЕСКО ќе бидат преставени традициите на двете земји и ќе настапат македонски и бугарски музчари.

Фестивалот „One Love Tour“, по Струмица, продолжува во Крива Паланка на 25 август, во Бургас на 7 септември, Варна на 7 септември, Скопје на 21 септември и во Стара Загора на 5 октомври.