Врие од незадоволство во СДСМ по катастрофалниот исход од изборите во неделата. Особено е големо незадовоството на партиското членство во Бутел по поразот на актуелниот градоначалник Велимир Смилевски, кој ужива голема доверба. Незадоволните членови, според информации на Република, виновникот го гледаат во централната власт.
Не осакати централната власт. Смилевски изгуби од нивната неспособност, не затоа што не си ја завршивме работата овде во Бутел. Членството е незадоволно, бара оставка од потпретседателите Мила Царовска и Венко Филипче, вели анонимен извор од бутелскиот огранок на партијата.
Ниту писмото на Зоран Заев испратено до сопартицијте не усеа да го стивне гневот на бутелчани. „Другарите и другарките“ гледаат само еден начин да се спаси тоа што остана, а тоа е да разрешување или оставка, во најдобар случај, на Царовска и Филипче.
Вечерва на итен состанок во Бутел е претседателот на партијата Зоран Заев. Наши извори велат дека причина за ненадејната посета на Заев на Бутел е токму незадоволството на членството од исходот на изборите и поразот на Смилевски во првиот круг, кое може да резултира со бојкот на вториот круг.
Постои големо незадоволство и од Петре Шилегов. Ќе го гласаме, оти друго немаме, но овие од централата многу бргу ги забораваат активистите, вели нашиот извор.
Comments are closed for this post.