Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица во изјава за медиумите рече дека прво најважно е да имаме успешен избор на претседател на земјата, а истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата.

Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред да бидеме рамо до рамо со современиот западен развиен свет. Сега очекувам да после изборите продолжиме со проектите, да продолжиме со процесите, да продолжиме со развојот, да продолжиме со унапредување со квалитетот на животот на нашите граѓани“, изјави Заев.