Имавме фер и демократски избори, постигнат е цензусот и ќе добиеме претседател, истакна веднаш по завршувањето на гласањето шеф на изборниот штаб на Пендаровски, Александар Кирацоски.

Тој нагласи дека граѓаните биле одговорни и го искористиле своето избирачко право и го избраа петиот претседател.

Имаме првични тенденции дека Пенаровски е во водство и очекуваме победа-нагласи Кирацоски.

Тој ги повика останатите политички партии да не бараат алиби и оти изборната волја мора да биде испочитувана.