Дезертерот Зоран Заев 5 дена одмара на плажа во соседството, додека во цела Македонија има шумски пожари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во ек на најголемите пожари што ја имаат зафатено нашата држава, каде што имаше опасност и за животите на граѓаните, криминалецот Зоран Заев си замина на одмор. За потоа маркетиншки да се врати од плажите на нашиот јужен сосед, да се слика и замине за да си го дозаврши одморот.

Безчуствителност и тотална одлепеност од реалноста, два дена глумеше жртва и грижливост за потоа повторно да го снема.

Додека пола влада на чело со дезертерот, во прогласена кризна состојба одмараше на плажите во соседството, пожарите во Македонија ги гаснеа доброволци од други земји, заедно со локалното населени.

Да не беше солидарноста на нашите пријатели од неколку земји сега ќе имавме двојно поголеми штети.

Изгореа илјадници хектари шума, имоти и домови на граѓаните, а власта на СДСМ мува не ја лази.

Толку се неспособни што не успеаја две години да ги сервисираат авионите за гаснење на шумски пожари. Со денови без никаква координација и со целосно задоцнета реакција изгореа илјадници хектари шума во Малешевијата.