За Шилегов имам пофални зборови, за мене е фаворит, иако се уште не сум го прашал дали ќе се кандидира на претстојните локални избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на новинарско прашање дали тој и СДСМ ќе поддржат кандидатура на актуелниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, за уште еден мандат.

Присуствував на неколку проекти, бидејќи сметам дека треба да се промовираат истите и тоа не само таму кадешто Владата финансира, туку и таму каде градоначалниците сами делуваат. За Шилегов имам пофални зборови, за мене е фаворит, иако се уште не сум го прашал дали ќе се кандидира на претстојните локални избори“, рече Заев денеска, по презентацијата на проектот за „Универзална сала“ во Скопје.