Премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски на Координативна средба за успешно спроведување на претстојниот попис во Собранието, порачаа дека оваа статистичка операција е многу важна.

Двајцата ја повикаа опозицијата да се вклучи, а не да го бојкотира пописот.

„Пописот е најважната статистичка операција. Бојкотот е најлошата одлука, тој носи конфузија меѓу граѓаните и ништо добро и позитивно. Кому му одговара да имаме иднина врз погрешни податоци? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да сака да инвестира кај нас.“, рече Заев кој ја повика опозицијата да се приклучи на оваа одговорна опозиција.

Пописот не треба да биде слика само за етничката состоба во земјата. Сите одговорно да се однесуваме“, порача Заев.

Претседателот Пендаровски истакна дека човековите права се веќе гарантирани, и истите нема да се менуваат во согласност со бројките од пописот.

„Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста со повици за бојкот ако резултатите не отсликуваат нечија замислена бројка. Тие не доаѓаат од една страна и се рефлексија на стравот од резултатите, што пак произлегува од концептот на човекови права како збир на привилегии што некој некому ги дава. Затоа, кога се пребројуваме во регионот се уште веруваме дека силата е во бројките и дека само така ги остваруваме правата. Но, човековите права не се привилегии што можат да се одземат или изгубат во зависност од нечија одлука или волја и тие не зависат од бројката. Во демократска држава со европска иднина стекнатите права не сметат да се одземаат туку само да се зголемуваат“, рече Пендаровски.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, и натаму е на став дека пописот не треба да се одржи поради пандемијата.