Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство, ако има потреба за тоа, но нагласи дека сепак треба да се даде шанса за решение по законски пат.

Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средсба. Ако тие кажат јас сум подготвен. Целта е да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство“, изјави Заев, по посетата на болницата „8-ми Септември“.

Прашан дали има план Б или 80 пратеници, премиерот Заев, рече дека не размислувал за тоа бидејќи треба да се даде шанса за решение по законски пат..

Верувам дека низ законот ќе се најде решение. Да му дадеме шанса на законот. Имаме седум дена. Треба да се најде решение. Голем дел од финесите се решени“, порача Заев.