Премиерот Зоран Заев е оптимист дека во јуни или најдоцна во јули ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Сто отсто се потврдени сите наши аргументи пред земјите членки, тоа е нешто на кое сите може да му веруваме. И тоа е заслуга на сите вработени во администрацијата, на власта и на опозицијата. Ние сме пример во регионот “, рече Заев во одговор на пратеничко прашање упатено кон него од пратеникот оде ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Пратеникот Милошоски забележа дека една од причините зошто се уште не сме добиле датум се нестручните кадри кои ги ангажира премиерот во неговиот кабинет.

Со државни пари плаќате нестручни партиски лица за советници, наместо да ги ангажирате Илинка Митрева, Блерим Река, Сашо Клековски, Андреј Лепавцов“, рече Милошоски.

Ако до вчера изговорот за недобивањето на датум беше Атина, сега гледам дека ќе биде Тирана, додаде Милошоски.

Бидете искрен пред македонската јавност, бидејќи цела година ја лажете државата дека сме добиле датум, а сега велите дека ќе добиеме наскоро поради околностите“, истакна пратеникот.