Премиерот Зоран Заев попладнево ќе оди на кафе во Вила Водно кај новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.

Средбата ќе се одржи Вила Водно во 16:15 часот, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Ова е прва средба по инаугурацијата. Заев не присуствуваше на давањето свечена заклетва во Собранието, поради тоа што замина на одмор.