Во понеделник е закажана седницата на комисија за деловнички и имунитетно мандантни прашања на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Будимпешта.

Претседателот на собраниската комисија Павле Богоевски вчера потврди дека го добил дописот од собранискиот спикер, Талат Џафери со којшто го информира дека пратеникот Груевски неоправдано бил отсутен од седница на собранието повеќе од шест месеци.

Расправата на Комисијата може да трае и до 15 дена, по што треба да достави предлог до Собранието. Сепак, за сега не е обезбедено двотретинско мнозинство, потребно да му биде одземен мандатот на Груевски.

Неизвесноста за двотретинско мнозинство и пушатењето на „бомбата“ со пратеникот Павле Богоевски се очекува понеделнички да донесе нови политички препукувања во Собранието.