Премиерот Зоран Заев е оптимист пред денешната средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека може да се најде решение за Законот за Јавно Обвинителство. Во однос на можни избори, Заев останува на ставот дека најпогоден термин е октомври 2020 година.

Иако законот за јавното обвинителство не е дел од европскиот извештај треба да го тргнеме тоа прашање.Очекувам додговор, не се нерешливи прашањата само треба да бидеме одговорни пред системот. Легитимно е опозицијата секогаш да бара избори но нашите ставови е што е интересот на државата. Треба да тераме до крај на мандатот.Тие побараа предвремени избори, мојот коментар беше ок нека бидат крајот на октомври 2020 година бидејќи декември е зима и стоиме на тие ставови-нагласи премиерот.