Премиерот Зоран Заев денес ја посети опожарената локација околу езерото Младост и селото Отовица, во близина на Велес, денеска го посетија опожареното место при што упати порака дека нема да има толеранцја за тие што уништиле нешто шпто природата и луѓето го негувале со децении.

Во изјавата за медиумите, која следеше по обиколката и увидот на опожарената локација и во близина на езерото Младост, премиерот Заев рече дека се тажни сцените на теренот, и дека тој ја споделува тагата и загриженоста со граѓаните кои завчера за време огнената стихија беа соочени со опасноста да им бидат загрозени здравјето, животот, имотите, но и спомените.

„Сочувствувам со Велешани кои за неколку часа изгубија едно од нивните омилени излетнички и рекреативни места. Дотолку повеќе е поинтензивен и гневот што го чувствувам зашто во овој случај е сосема јасно дека ова се случи од човечка небрежност и неодговорност. Мојата порака кон сите кои имаат каква било идеја да потпалуваат и да горат човечки судбини, е дека ќе одговараат. Нема да има толеранција за оние кои уништиле нешто што природата и добронамерните луѓе го негувале со децении. Нула толеранција како лекција и како превенција за сите што си играат со огнот и со судбината на луѓето и на животната средина“, потенцираше премиерот Заев.

Тој упати посебна и голема благодарност до пожарникарите од Велес, како и на нивните колеги од Скопје, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Прилеп, Штип и Свети Николе, како и за припадниците на АРМ и на МВР за нивниот придонес, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП Македонски шуми, и особено за сите волонтери, кои десетици часови без да ги штедат своето здравје и животите, спречија поголема катастрофа.

Заев рече дека штетите и последиците се големи и долгорочни, и дека затоа сме должни да извлечеме и некои поуки.

„После вакви катастрофи, локалните самоуправи ќе мора да ги менуваат приоритетите. На врвот мора да бидат безбедноста и здравјето на граѓаните и животната средина…Ќе расте нов живот. Ќе живее Младост во Велес. Децениите за ревитализација ќе ги претвориме во години. Општина Велес, Владата и ЈП „Национални шуми” ќе спроведат брз и координиран план за масовно пошумување. Ќе спроведеме максимални напори за вонредно пошумување со адекватни видови садници, со што оваа територија ќе ја има повторно функцијата на шума“, истакна премиерот Заев.