При обраќањето на маршот на жените денеска Зоран Заев се огласи за Заевизмот.

 Само нашите опоненти зборуваат за Заевизмот, вистината е дека нема Заевизам ама има завидлизам. Завидуваат што за првпат во историјата едно чудо пофалби има за нашата држава. Тие што зборуваат за Заевизам си прават туризам на умот“, рече Заев.

„И го честитам денот и на Гордана Силјановска Давкова, а тоа значи дека рамноправност е кога на 5. мај таа ќе ни ја честита победата на претседателските избори за нашиот кандидат Стево Пендаровски“, рече премиерот Заев.