Tри дена поминаа, а јавноста се уше нема одговор дали странски служби ги следат претседателските кандидати или тие се само во главата на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски? Три дена поминаа, а не знаеме дали МВР е целосно неспособно да ги открие странските служби или пак МВР е во соработка со странските служби кои наводно го следат Стево Пендаровски? Три дена поминаа , а не знаеме дали странските служби треба да му бидат алиби на Пендаровски за поразот што го чека или пак СДСМ се обидува да најде причина за следење на опозицијата, изјави денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски

Оливер Спасовски кој што е на чело на МВР нема се уште одговор, дали државата е безбедна или ја шетаат странски служби? Чии се тие странски служби и за кои цели следат и фотографираат? Безбедни ли се кандидатите? Гарантира ли Оливер Спасовски фер и демократски амбиент за изборна трка? Гарантира ли фер и демократски изборен ден? Ако претседателскиот кандидат на власта се чувствува небезбеден како треба да се чувствува кандидат на опозицијата?

Почитувани,

Стево Пендаровски веќе најави свој втор пораз и обвини странски служби како алиби! Но, загрижувачка е какафонијата која што следствено настаните го издава стравот од поразот на власта. На обвинувањата на Пендаровски, се јави и Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски кој во стил на портпарол на МВР порача дека МВР работи на случајот! Но, потоа следеше изјава од Оливер Спасовски кој посочи дека Пендаровски воопшто не пријавил следење, со што го негираше и Кирацовски и Пендаровски дека МВР постапува по случајот!

Почитувани,

Ова е уште едно од серијата несериозни однесувања на власта со кои во прашање се доведува чувството за безбедност во државата. Имајќи ги предвид заевизмот, но и криминалот пред очите на МВР, па и политичкиот прогон врз опозицијата, отворено посочуваме и стравуваме дека искусниот полициски службеник Стево Пендаровски отвори можност за повторно злоупотреба на полицијата за следење на опозицијата во рамки на политичкиот прогон при изборна трка по теркот на најнедемократските држави во светот.

Едно е јасно, заевизмот е поразен од граѓаните и власта е свесна за тој факт прибегнува кон лаги и злоупотреби. Но ништо не може да ги спречи граѓаните заедно да го испратиме заевизмот и овие натурени одмакедончени власти во темната страна на историјата.

Правото и правдата победуваат, Гордана Силјановска Давкова е нов претседател за Честита Македонија, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија!