Премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатата за Преспанскиот договор рече дека со тој договор македонскиот идентитет и јазик се потврдени.

Мицкоски му реплицираше и го праша премиерот на кој јазик зборуваат Македонците во Овчарани или во Лерин, во Егејска Македонија. На тоа Заев одговори:„Нема да ме натерате да се скарам со Грција“.

Мицкоски, пак, рече дека со тој договор „ние сме како Македонци во резерват“.

„Сега сме граѓани на Република Северна Македонија“, истакна тој и додаде дека „ништо не е готово во врска со името“, посочувајќи дека опозицијата никогаш нема да го прифати тој договор.

-Ништо не заштитиле, ние не сме Талибанци, па се што било позади нас да бришеме, да кинеме, да палиме или да негираме како  што тоа го прави господинот Зоран Заев. Но ќе работиме целокупната последица која е резултат на овој договор да ја исправиме и тоа никогаш нема да престанеме да го правиме. Држави капитулирале, па години потоа се обединиле и станале светски веле сили, ништо не е готово. Сите што ви викаат дека се е готово, тоа не е точно, рече Мицкоски.