Модуларните болници се правени според високи стандарди и такви се во целиот свет, повтори денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата, на која соопшти дека не ги прифаќа оставките на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.

Премиерот се стави во жестока одбрана на својот најблизок соработник Венко Филипче и заменикот министер Илир Хасани од коалицискиот партнер ДУИ.

Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница? Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери, истакна Заев.